Нови 13 случаи позитивни на ковид-19, нема починати

Објавено на 22 јуни, 2021 во 16:12

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје,
во последните 24 часа се направени 2.952 тестирања, а регистрирани се 13 нови случаи на КОВИД-19 од:
Скопје и Тетово – по 3, Охрид и Кичево – по 2, Куманово, Прилеп и Струмица – по 1.

Регистрирани се 31 оздравен пациент од:Скопје – 14, Кичево – 4, Прилеп – 3, Куманово, Битола и Кочани – по 2, Тетово, Гостивар, Крива Паланка и Кратово – по 1.

Не се регистрирани нови починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 859.226 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.640, бројката на оздравени пациенти е 149.908, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 255.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.