Нови 66 случаи на ковид, нема починати лица
Во последните 24 часа направени се 983 тестови, а регистрирани се 66 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 50, Битола и Охрид – по 5, Македонски Брод – 2, Прилеп , Кавадарци, Штип и Струмица – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (66), регистрирани се 13 реинфекции.
Регистрирани сe 115 оздравени пациенти од: Скопје – 87, Охрид – 8, Битола – 7, Кавадарци, Тетово , Велес и Гостивар – по 2, Штип, Куманово, Кочани, Ресен и Свети Николе – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.067.648 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.673, бројот на оздравени пациенти е 303.007, на починати е 9.316, а бројот на активни случаи изнесува 350.