Нови количини од „АстраЗенека“, лицата над 60 години ќе се ревакцинираат во земјава
Министерот за здравство Венко Филипче, информираше дека во петок во земјава ќе пристигнат нови дози од вакцината „АстраЗенека“.
-На 14 месецов ќе стигне втората пратка вакцини што ги обезбедивме преку КОВАКС механизмот. Ќе ни бидат испорачани 38.400 вакцини од производителот „АстраЗенека“. Вакцини ќе продолжат да пристигнуваат во следниот период, нинформираше Филипче.
Министерот во неколку изјави напомена дека македонските државјани кои се на возраст под 60 години и примија прва доза на вакцина против ковид-19 од „Астра Зенека“ во Србија, нема да можат да се ревакцинираат со истата вакцина во земјава.
„Има граѓаните кои во Србија примија и друга вакцина, па се ревакцинираа во земјава. Нема да може да се ревакцинираат со „Астра Зенека“ само помладите од 60 години, поради одлуката што ја донесовме да не се дава таа вакцина на оваа категорија на граѓани“, изјави Филипче.
Заинтересираните граѓани може да се пријават за вакцинција на www.vakcinacija.mk.