Новогодишната ноќ со сув студ и без снег, утрово Македонија се разбуди со минусни температури

Објавено: 29 декември, 2025, во 08:51 часот

Новогодишната ноќ ќе ни донесе многу ладно и ведро време со слаб до умерен ветер од северен правец како и без врнежи од снег. Тоа значи дека ќе имаме сув студ за време на новогодишната ноќ. Територијата на Македонија ќе биде под влијание на многу ладна  и сува воздушна маса од север која ќе услови и многу ниски температури на воздухот.

За време на новогодишната ноќ температурите насекаде во Македонија ќе бидат под нулата, ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -3 степени а на повисоките населени места и на планините може да се спуштат  и под -10 степени. Во Скопје  и околината за време на новогодишната ноќ температурата ќе се спушти до околу -5 или -6 степени.

Суво и ладно време  ќе имаме и на 1 Јануари 2026 година,  четврток.

Денешното утро во Македонија насекаде ни донесе многу ладно и ведро време без облачност. Дува слаб до умерен ветер од северен правец кој дополнително го засилува чувството на студ. Насекаде температурите ова утро во Македонија се под нулата  и има појава на мраз.

На табелата можете да ги видите температурите измерени ова утро до 7 часот по градови и места во Македонија  и тоа на мерните станици на УХМР.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.