Објавен е повикот за платени обуки за невработени лица

Објавено на 17 јуни, 2025 во 12:01

Агенцијата за вработување денеска го објави јавниот повик за мерката Обука на работно место кај конкретен работодавач.

За платени обуки во траење од три месеци може да се пријават евидентирани невработени лица коишто користат гарантирана минимална помош, жени, Роми, млади до 29 години, лица со попреченост и долгорочно невработени лица.

„На невработените лица учесници во мерката ќе им биде исплатен месечен паричен надомест од 12.000 денари месечно, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионален болест како и данок на личен доход за времетраењето на обуката. На корисниците на паричен надоместок и на корисниците на гарантирана минимална помош, ќе им продолжи правото на паричен надоместок / ГМП во тек и до завршување на обуката“, пишува во повикот.

Оваа мерка може да ја искористат и работодавачите, кои имаат потреба за работници.

При користењето на мерката работодавачот е должен да назначи ментор за лицата на обука и да ја спроведе програмата за обука, во согласност со претходно утврден план за истата. На работодавачот ќе му биде исплатен еднократен износ од 25.000 денари по обучено лице по завршена обука. Работодавачот има обврска да вработи најмалку 50% од лицата вклучени во обуката со полно работно време во траење од најмалку 3 месеци.

Пријавувањето се врши во Центрите за вработување и трае до 30 ноември.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.