Објавени четири јавни повици за финансиска поддршка на МСП, занаетчии и преработувачка индустрија

Објавено на 12 јуни, 2025 во 12:50

Министерството за економија и труд објави четири јавни повици за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија (МСП), занаетчии и компании од преработувачката индустрија. Целта е да се поттикне претприемништвото, зголеми конкурентноста и унапредат стандардите за квалитет во овие сектори.

Еден од повиците се однесува на кофинансирање на трошоците за сертификација на системи за квалитет според ИСО стандарди, при што државата ќе покрие до 40% од трошоците, но не повеќе од 150.000 денари по апликант. Слична поддршка е предвидена и за сертификација на ХАЛАЛ системи.

Посебен повик е наменет за занаетчии, кои ќе можат да добијат до 120.000 денари за набавка на алати, машини и дизајн на нови производи. Дополнително, компаниите од преработувачката индустрија со најмалку пет вработени имаат можност да аплицираат за кофинансирање до 500.000 денари за активности поврзани со развој на бизнис, производ или пазар.

Вкупниот буџет за сите повици изнесува 11 милиони денари, а аплицирањето е отворено до 30 јуни или 18 јули 2025 година, во зависност од повикот. Доделувањето на средствата ќе се врши по принципот „прв дојден – прв услужен“, до исцрпување на буџетот.

Повеќе информации, критериуми и апликациски обрасци се достапни на веб-страницата на Министерството: www.economy.gov.mk.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.