Објавени повиците за финансирање за земјоделски производители на храна од животинско и неживотинско потекло

Објавено на 9 март, 2023 во 12:48

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  ги објави двата повици за финансиска поддршка на земјоделски производители на храна:  за производители на храна од животинско потекло и за производители на храна од неживотинско потекло.

„Предмет на овие јавни повици е реализација на средствата утврдени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 282/22), раздел 14001 – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, програма 3 – Земјоделство и рурален развој, потпрограма 34 – Рурален развој, ставка 489 – Капитални субвенции за претпријатија и невладини организации во износ од 17.500.000 денари кои ќе се користат за доделување на неповратна финансиска поддршка за инвестиции во опрема, основни средства и услуги кои имаат за цел: остварување на додадена вредност во примарното производство, развој на производи со традиционални карактеристики и зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на производство на храна од животинско и неживотинско потекло,“ соопштија од министерството.

Право на учество на јавните повици имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и да се регистрирани или евидентирани како оператори со храна од животинско, односно неживотинско потекло, согласно Правилниците за барањата за условите и хигиена за производство и ставање во промет на храната од животинско потекло односно неживотинско потекло, наменета за директно снабдување, локализирана активност, во географски или економски ограничувања, како и општите и посебните барања за примена на традиционални методи на производство, преработка и дистрибуција на храна со традиционални карактеристики за храна од животинско или неживотинско потекл во Агенцијата за храна и ветерина.

Крајниот рок за доставување на барањата за финансирање е 25 дена од денот на објавување на јавниот повик на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно заклучно со 02. април 2023 година. Барањата кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Крајниот рок за доставување на барањата за финансирање е 2 април 2023 година. 

Висината на финансиската поддршка согласно оваа програма изнесува до 600.000,00 денари по корисник без вклучен ДДВ за следните намени:

– трошоци за набавка на опрема за производство на храна (доработка и преработка на примарни земјоделски производи) во висина до 90% и/или

– трошоци за ангажирање на стручно лице (технолог за производство на храна) во висина до 10% од вкупниот износ од висината на финансиската поддршка по корисник.

Еден корисник може да поднесе само едно барање за доделување на финансиска поддршка согласно Програмата.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.