Обвинителството поднесе обвинение против Жан Митрев

Објавено на 10 јануари, 2023 во 11:49

Основното јавно обвинителство – Скопје покрена обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и против неговата болница, како правно лице, за кривично дело „измама”.

За ова кривично дело предвидена е казна затвор од една до 10 години.

Информацијата беше споделена на денешниот брифинг во Обвинителството со новинарите.

Митрев се товари за кривично дело „измама“ за кое е предвидена затворска казна до 10 години.

Против докторот во август беше отворена истрага откако претходно ИРЛ го објави документарецот „Нечиста крв“ за лекувањето ковид-пациенти со методот хемофилтрација.

Осомничениот, како што соопшти Јавното обвинителство, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од КОВИД-19 со методот на хемофилтрација.

-Јас не се плашам од обвинение, ќе се докажувам ако треба 100 години за тоа бидејќи нема такво нешто. Јас ќе одам на суд и ќе се докажувам пред суд. Може требаше да ме обесат на почеток, бидејќи бев осуден на бесилка на самиот почеток. Кога се објави емисијата, следниот ден на врата ми беа од ОЈО, финансии, организиран криминал, контроли, комисии. Тоа никогаш не се случило за никој друг. Јас сум жртва, планирано со сценарио до ден денес. Никого не сум измамил. Од почетокот до денес работам искрено. Направив врвна болница, се задолжив многу и нема факт и аргумент дека некој сум сакал да измамам, рече синоќа Митрев во гостување на дебатна емисија.

За да го спречи докторот да ја напушти државата, скопското обвинителство до Основниот суд Скопје 1 поднесе предлог за одземање на пасошот.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.