Од полноќ поевтинуваат горивата

Поевтинуваат горивата од полноќ. Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/литар и истите ќе изнесуваат 79,00 ден/лит, односно 81,00 ден/литар.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 73,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство- 73,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,012 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.02.2025 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 46,178 ден/кг.
Дума.мк
