Осум градови во Македонија се слободни од Ковид-19

Објавено на 14 јуни, 2021 во 13:53

Во моментов според статистиката во Кавадарци, Ресен, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран нема заразен со ковид 19.

Вирусот полека се повлекува и во останатите градови во земјава. Во Скопје има само 189 заразени лица. Вчера за прв пат по 2 септември 2020, немаше ниту еден починат од Ковид.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.536, бројката на оздравени пациенти е 149.628, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 437.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.