Осум починати лица и 326 нови случаи на Ковид-19

Објавено на 15 декември, 2021 во 15:50

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2562 тестирања, а регистрирани се 326 нови случаи на ковид-19.

Скопје – 145, Прилеп – 22, Битола – 21, Кавадарци и Охрид – по 15, Струмица – 14, Штип – 12, Куманово – 11, Валандово – 9, Радовиш – 7, Велес, Кочани и Крива Паланка – по 6, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 5, Тетово и Ресен – по 4, Свети Николе – 3, Берово, Пробиштип и Богданци – по 2, Струга, Делчево, Виница, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 242 оздравени пациенти и егистрирани се 8 починати лица: 

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 6 лица, починати во период од 25.10-11.12.2021 година. 

Досега во земјата се направени вкупно 1 509 665 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220 169, бројот на оздравени пациенти е 206 903, на починати е 7768, а бројот на активни случаи изнесува 5498.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.