Пендаровски: „Францускиот предлог, ни е триумф ниту е дебакл“
Француски предлог е транзиционен компромис, го крева ветото на Бугарија и овозможува старт на преговорите и затоа е прифатлив. Ова е ставот на претседателот Стево Пендаровски по состанок на Советот за безбедност кој беше свикан по негово барање а на кој се дискутираше само за францускиот предлог.
-Одлуката да го прифатиме нема да биде историски триумф или историски дебакл. Со овој предлог имаме само можност да ги отвориме преговорите и со него остануваме на европскиот колосек кој е долг, но до овој момент не губиме, ама баш ништо, смета Пендаровски .
Тој вели дека не е точна перцепција кај дел од јавноста, дека оваа е судбинска дилема да се биде или не и дека деновиве треба да донесеме одлука за нашата судбина, ако го или ако не го прифатиме францускиот предлог.
Според шефот на државата, станува збор за транзициски предлог и затоа, како што рече, негов став е дека треба да се прифати само како одлука државата да ги отвори преговорите за членство во ЕУ.
-Со него ја креваме бугарската блокада и дозволува формално отворање на преговорите. Тој овозможува скрининг процес пред отварање на кластерите и трето со ништо не го поткопува македонскиот идентитет, бидејки има чиста формулација за македонскиот јазик без фусноти, вели Пендаровски.
Тој додаде дека очекува заклучоци на Владата, ако таа го прифати предлогот, дека мора да ја содржат реченицата:
„Од денот кога ќе ги отвориме преговорите до нивното завршување, ако има дополнителни обиди за спомнување влез во дискусиите македонски јазик и македонска историја, во истиот момент ние да се повлечеме од преговорите“.
Пендаровски вели дека нема гаранции дека во процесот на преговорите нема да има нови обиди од блокада од Бугарија или некоја друга земја членка, но дека таквите обиди како што вели ќе бидат драстично намалени.