Пендаровски и неколку ресорни министри денеска ќе се вакцинираат против Ковид-19
Од Владата информираа дека денеска ќе се вакцинираат претседателот Стево Пендаровски, кој првата доза вакцина против ковид 19 ќе ја прими во вакциналниот пункт во спортската сала на СОУ „Перо Наков”, во Куманово.
„Ве известуваме дека 18.05.2021 година на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски”, ќе се вакцинираат следниве членови на Владата на Република Северна Македонија: Фатмир Битиќи – заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Никола Димитров – заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи – министер за надворешни работи, Бојан Маричиќ – министер за правда, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши – министер за економија, Горан Милевски – министер за локална самоуправа“, објавија од Владата.
Во текот на вчерашниот ден вакцина против ковид 19 примија министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски како и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.