Пензиите ќе се исплаќаат од 27 до 30 јули
Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јулските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27-ми месецов, како и да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи по распоред составен според висината на пензијата, соопшти владината прес-служба.
На денешната седница на Владата е усвоена Информацијата за исплата на пензии за јули 2021, а Фондот на пензиското и инвалидското осигурување добил задолжение да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26-ти месецов.
– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.07.2021 година (вторник);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.07.2021 година (среда);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.07.2021 година (четврток); и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 30.07.2021 година (петок).