Почина две годишно девојче кое било претепано од таткото
Објавено на 11 јануари, 2024 во 12:00
После 22 дена борба за живот, во болница починало двегодишно девојче од Кичево. Полицијата го сомничи нејзиниот триесетгодишен татко Ф.Д. дека ја претепал по што таа од повредите починала.
Полицијата, вчера, го лишила од слобода Ф.Д. Тој се сомничи дека на 18 декември во семејниот дом во Кичево ѝ нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка која била пренесена за болничка помош во болницата во Кичево, а потоа во Клинички центар во Скопје каде на 8 јануари починала.
Против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава во координација со јавен обвинител.
Дума.мк