Почнува вакцинацијата со трета доза во Македонија
Денеска започнува вакцинацијата со трета доза која ќе може да ја примат сите граѓани на возраст над 60 години, сите здравствени работници и пациенти кои имаат имунокомпромитирана состојба, без оглед на возраста.
-Сите тие граѓани во категориите за кои веќе е препорачана трета доза вакцина, тоа се граѓаните над 60 години, согласно временскииот период после примената втора доза на вакцина ќе добијат порака, да се вакцинираат. Притоа таа порака ќе биде само потсетување во смисла на тоа дека нема да има посебен термин или пункт може да отиде било каде најблиску до местото на живеење, истакна Венко Филипче.
Третата доза вакцина треба да биде од производителот „Фајзер“, а дополнително ќе следат препораки за евентуална употреба на вакцини од други производители. Сите граѓаните кои примиле втора доза, во моментот кога ќе поминат шест месеци ќе добијат СМС порака дека може да се јават и да примат трета доза вакцина.