Полицијата фати професионален возач со измерени 2,12 промили алкохол
Објавено на 1 февруари, 2023 во 11:09
Шеесет и пет санкции за брзо возење на територија на СВР Битола, меѓу нив и професионален возач со измерени 2,12 промили алкохол, пишува порталот Апла.мк.
Притоа, 46 од санкционираните возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 19 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Дума.мк