ВМРО ДПМНЕ презентираше отчет за сработено во период од 2006 до 2016

Објавено на 21 март, 2016 во 08:27

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ сработила повеќе од 3.500 проекти за 10 години владеење. За овие проекти, за плановите за во иднина, како и за актуелните состојби во Македонија, пред лидерот на партијата јавен отчет даваат министри, директори и градоначалници.

Јавниот отчет се реализираше во спортскиот центар „Јане Сандански“ каде што Груевски ги најавува сите области, а министрите и директорите ги појаснуваат проектите. Беа опфатени проекти во периодот од 2006 до 2016 година.

– Покажавме како изгледа да се гради, да правиш реформи. Денес луѓето лесно може да направат споредба за тоа како било некогаш, а како е денеска. Нас не разликуваат од нашите политички противници. Особено во едни многу сложени околности, какви што имавме кога правеа се за да не дефокусираат, оцрнат, оддалечат од она за што сме избрани од вас граѓаните на фер, демократски и легитимни избори. Ние не застанавме, продолживме да работиме на создавање на дела, мерки и проекти што ќе го подобрат животот на сите граѓани. Затоа, знаејќи дека успеавме да го направиме ова во еден исклучително бурен политички период, цврсто сме убедени дека по убедливата победа на следните парламентарни избори, ќе продолжиме да работиме посветено на создавање проекти – рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на почетокот на отчетот.

Груевски истакна дека отчетот е за дела кои ја направија Македонија посилна од кога било до сега.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.