ВМРО ДПМНЕ ги достави кандидатските листи до ДИК
Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, до Државната изборна комисија (ДИК), синоќа пред полноќ ги поднесе кандидатските листи за пратеници за предвремените парламентарни избори кои се закажани за 5.јуни.
Само ВМРО-ДПМНЕ од четири најголеми политички партии во државата, кои се потписнички на Пржинскиот договор, поднесе кандидатски листи до ДИК, останатите СДСМ, ДУИ и ДПА не го сторија тоа.
Покрај ВМРО-ДПМНЕ, листи со кандидати до ДИК поднесе уште само Народното движење за Македонија на Канко Бачев.
Носител на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица (ИЕ) е претседателот на партијата, Никол Груевски, во втората ИЕ актуелниот министер за надворешни работи Никола Попоски, во третата ИЕ координаторот на пратеничката група Илија Димовски, во четврттата ИЕ министерот за здравство Никола Тодоров, во петтата Антонио Милошоски и во шесттата ИЕ Влатко Ѓорчев.