За специјалното судско одделение не преговараат партиите туку власта и меѓународната заедница

Објавено на 15 јули, 2016 во 08:12

На средбите на работните групи во Пржино воопшто не се разговарало за формирање на Специјално судско одделение или специјално одделение во МВР кои би работеле на случаите во надлежност на Специјалното јавно обвинителство. Такви преговори со власта директно водат претставници на меѓународната заедница и тие не се предмет на преговори на партиските претставници, пишува Дојче веле.

Блокадата на работата на СЈО како клучен проблем го наведе и помошничката американска државна секретарка Викторија Нуланд при посетата на Скопје.

Проценките на опозицијата се дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го блокира или одолговлечи целиот пакет за преодна влада и за промени во МВР со цел да ја блокира работата на СЈО.

Неизвесно е кога преговорите ќе продолжат . Амбасадорот Орав во изјавата потенцираше дека се надева оти тие „ќе продолжат што е можно побргу“. Учесници на преговорите се претставници на четирите политичките партии потписнички на договорот од Пржино, Радмила Шеќеринска, Никола Тодоров, Артан Груби и Имер Алиу од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.