Постигнат договор за излез од кризата помеѓу партиите
Објавено на 20 јули, 2016 во 15:47
Постигнат е договор меѓу претставниците на партиите, јави 24 Вести по добиените информации од партиски извори. Како што јави телевизијата во секој момент се очекува изјава на амбасадорот Џес Бејли и дел од преговарачите.
Има договор за спорните прашања за излез од политичката криза. Сто дена пред предвремените парламентарни избори ќе има техничка влада, а ќе се суспендира новиот закон за министерството за внатрешни работи.
Новиот министер за внатрешни работи ќе може да смени одреден број луѓе од раководни позиции.
Извор: 24 Вести