Како да се парламентарни, а не локални избори!
Кандидатите за градоначалници ветуваат брда и долини, мегаломански проекти, економски препород. Не се бираат зборови само да се дојде до посакуваниот глас. Експертите предупредуваат дека дел од кандидатите претеруваат!
Како одминува кампањата за локалните избори во Македонија, така забревтуваат пропагандните партиски машинерии кои од плоштадите во општините, буквално ги бомбардираат граѓаните со ветувања за да ја добијат нивната доверба.
Ако на почеток се стартуваше поскромно, или пореално, како одбројуваат последните денови од митинзите се испраќаат ветувања за мегаломански проекти.
Печатено во брошури, или директно на средби со граѓаните се ветуваат гасификација, дури и бесплатна, изградба на цели населби, хотели, зоолошки градини, бесплатни фасади на станбените згради, голф игралишта, булевари, подземни и надземни, тунели, стадиони, споменици, бесплатни детски градинки…!
За дел од проектите во изборните програми има детали како ќе се решат, но за добар дел нема ниту збор. Како, кога и со што ќе се реализираат!?
Текстот е објавен на Дојче Веле.