МОСТ и ЦИВИЛ : Мирно, без посериозни инциденти, но со низа нерегуларности!
Невладините организации од земјава кои ги набљудуваа изборите ја соопштија својата перцепција за изборниот процес во текот на вчерашниот ден.
Мост и Цивил се најголемите невладини организации кои вчера со 3000 набљудувачи ги следеа изборите во Македонија.
Мост со оценка дека гласањето било спроведено во демократска атмосфера и со голем одзив на гласачите.
Тие евидентирале нерегуларности како што се групно и семејно гласање, фотографирање на гласачките ливчиња и читање на глас на имињата на гласачите.
Цивил информираше за купување на гласови со пари, храна и други форми на поткуп.
Голем бројот на избирачи ги немало во избирачките списоци во Долнени, Куманово, Тетово, Теарце, Кичево како и во други градови.
Во Струга се пукало од огнено оружје за време на прославата на победата и предупредија на можни меѓуетнички тензии кои ги поттикнале политичките лидери со националистичката реторика за време на предизборната кампања./Е.Н.Ј