То Вима:„ Се бараат соговорници од Скопје“!
Со наслов “Се бараат соговорници од Скопје“ грчкиот весник То Вима утрешната средба на шефот на грчката дипломатија Димитрис Аврамопулос со заменик претседателот на македонската Влада задолжен за eвропски прашања Фатмир Бесими ја става во контекст на „ Атина бара канали за комуникација во Скопје во обид да се олесни решавањето на ќор-сокакот околу прашањето за името, и покрај непопустливоста на премиерот Никола Груевски“.
Весникот го преставува Бесими како умерен политичар од албанската партија ДУИ, која е дел од Владата на Груевски и потсетува дека тој веќе се има сретнато со Аврамопулос во времето кога двајцата функционери беа министри за одбрана.
Весникот наведува дека „Албанците во Македонија жестоко ја поддржуваат евро-атлантската перспектива на Скопје и дека Атина понудила експерти за за некои прашања во согласност со договорот меѓу претходникот на Бесими, Теута Арифи со поранешниот грчки вицепремиер Теодорос Пангалос. Досега имало и две средби на технократско ниво меѓу двете страни“.