Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ ја дефокусира јавноста!

Објавено на 24 јуни, 2013 во 19:16

Секретарот на СДСМ, Оливер Спасовски денеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш кога им крахира политиката со неосновани и неаргументирани  напади ја дефокусира јавноста.

„ Mораме да го чуеме одговорот на Груевски на следните прашања:  Зошто Македонија нема да биде спомената во заклучоците на претстојниот Самит на ЕУ? Зошто ја загубивме поддршката на традиционалните партнери за членство во ЕУ?  Зошто Македонија постојано е на дното на светските листи по медиумски слободи и права? Зошто многу од политиките во образованието на оваа Влада пропаѓаат? – Зошто крахираат реформите во здравството, образованието и во многу други сегменти на општественото живеење? – рече Спасовски.

Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.Велат дека Спасовски се обидувал со конфузни и нервозни изјави да манипулира со граѓаните. Ако имале внатрепартиски проблеми, партијата на власт ја советува опозиционата СДСМ да си ги решаваат самите, а не виновник да бараат во ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.