Ново граѓанско движење: Алијанса за позитивна Македонија!
Објавено на 26 јуни, 2013 во 14:50
Се случи долго најавуваната промоција. Денеска Владо Бучковски, Минчо Јорданов и Љупчо Зиков го промовираа новото граѓанско движење, Алијанса за позитивна Македонија.
„Сакаме да создадеме силен опозициски блок и да воведеме нова политичка култура. Потребна е нова политичка конкуренција која ќе внесе достоинство во општествениот живот, и ќе ја разбие црно – белата слика на политичката сцена“ , рече Бучковски.
Како што се најави, Алијансата за позитивна Македонија ќе понудела шанса за помирување меѓу партиите, економски развој , нови 100.000 работни места, отворање фабрики, спречување на иселувањето на младите од Македонија.