Заев: Силна опозиција поттикнува подобрување на односите со Бугарија!

Објавено на 2 јули, 2013 во 17:16

Јакнењето на опозицијата во Македонија претставува поттик за подобрување на билатералните односи со Република Бугарија, порача Зоран Заев, претседателот на СДСМ на својата средба со бугарскиот амбасадор Иван Петров.

Заев со Петров зборувал за 15-от конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата и на кој се донесоа повеќе статутарни измени, како и за идните политички чекори на СДСМ, како и за политичката состојба во земјава и за односите помеѓу Македонија и Бугарија.

Заев се сретнал и со амбасадорот на Обединетото Кралство, Кристофер Ивон, при што соговорниците дискутирале за актуелните политички состојби во земјата.

„Британскиот амбасадор ја поздрави одлуката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за покажаната подготвеност за подобрување на политичкиот дијалог и воедно го поздрави формирањето на анкетната комисија“, се вели во партиското соопштение.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.