Меџити: „Горна Македонија“ е прифатлив предлог

Објавено на 21 јули, 2013 во 13:46

Демократската унија за интеграција е уморна од предвремени избори, потребно е да се осврнеме и да ги решиме проблемите, па и името, отколку цело време да се оди на предвремени избори, вели Изет Меџити, потпретседател на ДУИ и градоначалник на општина Чаир, во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Според него, предлогот „Горна Македонија“, како решение на спорот со Грција, е прифатлив предлог.

„Наш став беше дека нема да прифатиме име кое што ќе има предзнак југословенски и две-три коишто беа спорни, а сè друго е прифатливо. И „Горна Македонија“, ние уште на самиот почеток јавно кажавме дека е прифатлив предлог“ – одговори Меџити на прашањето дали Али Ахмети, му одигра зад грб на премиерот Груевски со неговата изјава дека последниот предлог на Нимиц е „Горна Македонија“.

Меџити вели дека сè уште се оптимисти и дека поради тоа сè уште се во Владата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.