Започна првата средба Заев-Ахмети

Објавено на 3 август, 2013 во 13:36

Во Мала Речица, во седиштето на ДУИ се одржува првата средба на лидерите на ДУИ и на СДСМ. Средбата е по барање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Во пресрет на средбата, никој од нејзините актери не сакаше да прецизира за што точно ќе се разговара. Лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека во фокусот на вниманието, пред се ќе бидат економските проблеми на државата, но и сите отворени и горливи прашања од политичкиот живот.

Од владејачката ДУИ, домаќин на средбата, потврдија дека една од темите на разговорот секако ќе биде и прашањето за името, како и евроатланските интеграции.

Извор: Телма

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.