Продолжува со работа ад хок комисијата

Објавено на 21 август, 2013 во 08:28

Продолжува денеска со работа ад хок комисијата за расчистување на настаните од 24-ти декември. Според изјавата на претседателот на Комисијата во оставка, професорот Борче Давитковски можно било решение до петок.

За денеска се најавени одделни средби на Давитковски и странскиот експерт Петер Ванхаусен со претставници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на опозицискиот СДСМ.

– Преговорите продолжуваат и некои детали треба да се прецизираат на одделните средби, а ако има потреба и во четврток и на заедничката средба во петок да се заврши работата – изјави вчера Давитковски.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.