ДУИ по тепачката во Собрание очекува помирување со ДПА
Објавено на 30 август, 2014 во 07:28
По инцидентот во Собранието и тепачката со пратениците на ДПА, ДУИ, очекува ситуацијата да заврши со помирување. Ваквиот начин според пратеникот Артан Груби, го нарушува угледот на пратениците Албанци.
„Лицата што го предизвикаа овој проблем и тие што учествуваа во физичката пресметка во Собрание, меѓусебно да пружат рака на помирување. Ние сме спремни да седнеме да разговараме и, преку конструктивен дијалог, да го надминеме проблемот”, изјави Груби.
Тој одби да ја коментира изјавата на Мендух Тачи, во која ја обвинува ДУИ дека го инсценирала инцидентот во Собранието, со цел да се затвори уста на албанската опозиција, пишува Вест.