Заев и Шекеринска се сретнаа со германски дипломат

Објавено на 2 септември, 2014 во 07:27

Претседателот и заменик претседателката на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, синоќа се сретнаа со претставникот на Министерството за надворешни работи на Германија, одговорен за Југоисточна Европа, Турција и земјите на ЕТФА, Ернест Реичел.

Како што соопшти СДСМ, Реичел изразил загриженост за состојбите во земјава, меѓуетнички и интеретничките односи, а се интересирал и за можностите за дијалог за решавање на отворените прашања во земјава.

Раководството на СДСМ, пак, ја соопштило партиската определба да работи исклучиво за интересите на државата, информирајќи дека инсистира на нивните пет барања за продолжување на дијалогот.

Од СДСМ ја поздравуваат иницијативата на Германија и канцеларката Меркел за поддршка на сите земји од Западниот Балкан да станат дел од ЕУ, како и завршната декларација од средбата во Берлин во која од целиот регион се очекува напредок базиран на демократија и владеење на правото.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.