Српски медиуми: Заев го обедини Балканот – 70.000 луѓе на митингот“!

Објавено на 5 декември, 2016 во 09:12

Опозицијата се најде во центарот на вниманието на балканските медиуми.

„Во Скопје синоќа митинг одржа Зоран Заев, лидерот на СДСМ, на кој се собраа повеќе од 70 000 луѓе“, пишуваат српски медиуми.

Тие го пренесуваат говорот на Заев.

„Добро вечер, разбудена Македонијо“, рече Заев обраќајќи им се на присутните кои го поздравија со голем аплауз.

Тој ги повика граѓаните да гласаат на 11 декември и порача: „Ова се избори за живот или пропаст на Македонија“.

Толкав број на граѓани кои се собрале на митингот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, не е виден досега, пишува пак српски курир, дополнувајќи дека Заев го обединил цел Балкан, а на митингот можеле да се видат знамињата на Македонија, Србија, Албанија, БиХ, Турција…

„Заокружи 4! За живот во Македонија“, се слушна од бината. „Имате шанса да изберете каква иднина сакате-11декември гласате за сопствената иднина“, порача Заев.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.