СДСМ: Од каде се парите што ВМРО ги исплаќала за консултантски услуги кон странство?
21.03.2021
Скандал ја тресе Белата палата по оставката на пратеникот на германската Христијанско-социјалната унија, Тобијас Цех, кој во 2016 година примил 50.000 евра за консултантски услуги од ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.
„Мицкоски пред граѓаните треба да каже која била неговата улога тогаш како генерален секретар, а потоа и како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во крајно сомнителното финансиско работење на неговата партија. Мицкоски е должен да излезе пред јавноста и да одговори од каде се овие огромни суми пари и на кој начин биле исплатени? Тој е должен пред граѓаните, како и пред партиското членство и да одговори за сите скандали со финансиското работење на партијата што ја предводи. Партијата која денеска е со замрзнат имот, со блокирани сметки е пример за неодговорно, расипничко и недомаќинско работење“, соопштија од партијата на Зоран Заев.
Од таму порачуваат дека ДПМНЕ уште долго ќе останел во опозиција.