Пописот завршува за два дена, резултати во јануари

Објавено на 28 септември, 2021 во 09:47

До крајот на Пописот 2021 остануваат уште два дена пописни активности. Заклучно до вчера во земјава се попишани вкупно 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 198.589 граѓани од дијаспората. Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини, што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/SpisokNaKPRzaPopisuvanje.pdf

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Попис последен пат во земјава имаше во 2002, а обидот за попишување во 2011 беше неуспешен.
Според Законот за Попис, Заводот има обврска да ги објави податоците 6 месеци по завршувањето на теренските активности. Директорт на Заводот за статистика Апостол Симовски очекува обработката да се изврши и порано и податоците за бидат објавени во јануари следната година. Оваа статистичка операција ќе чини 8,5 милиони евра.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.