Попладне повторно невреме
Објавено на 1 септември, 2022 во 09:15

Времето денеска прeтпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени, а максималната температура од 26 до 32 степена. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне 30 степени.
