Попоски: Овие два дена променливо време со слаби локални дождови и снегови

Објавено: 2 февруари, 2026, во 08:57 часот

„Денес и утре, понеделник 2 и вторник 3 февруари, во Македонија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а особено денес ќе има услови за локални послаби врнежи од дожд и од снег во пониските места (градовите) и слаби врнежи од снег на повисоките населени места  и на планините. Особено во западните предели денес ќе дува западен ветер со слаб до умерен интензитет и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Во Скопје  и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Особено утре, вторник, 3 февруари, ќе засилува ветер од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат околу и за неколку степени под нулата а преку денот ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 додека утре ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени. Во Скопје  и околината денес температурата ќе се искачи до околу 6 степени а утре таа ќе биде малку повисока и ќе се искачи до околу 10 степени, соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.