Поповски: Нови обилни дождови, ладно време, засилен ветер и снег на планините!

Објавено на 14 мај, 2025 во 08:30

По краткотрајната стабилизација на времето која ни следува во Македонија, веќе од утре, четврток, 15 мај,попладне и вечер и во петок, 16 мај, под влијание на голем влажен бран од Медитеранот, ќе има нови пообилни врнежи од дожд. На повеќе места ќе наврне позначително количество на воден талог, локално и над 30 литри дожд, гласи прогнозата на Славчо Поповски.

„Во четврток, 15 мај,  повремено и особено долж Повардарието ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, а во петок, 16 мај, повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. Исто така во петок, 16 мај, од север  и од североисток кон Македонија ќе се спушта значително поладен воздух кој значително ќе ги спушти температурите и тоа  далеку под просекот за месец мај.

Поради падот на температурите, на планините над 1400/1500 метри надморска висина врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег, со што ќе се формира  и снежна покривка којашто ќе изнесува помеѓу 10 и 15 см на повисоките со над 1600/1700 метри.

Во Скопје  и околината за време на овој голем Медитерански влажен бран ќе има врнежи од дожд, повремено пообилни и проследени со повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен, а во петок од северен правец.

Температурите најниски ќе бидат во петок кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени, меѓутоа, ноќта кон сабота тие дополнително ќе опаѓаат.

Потпросечните температури за месец мај ќе продолжат  и за време на викендот, кога исто така ќе има појава на повремен локален дожд,“ додава метеопрогнозерот Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.