Поповски: Од викендов полека влегуваме во поладен период!

Објавено на 10 мај, 2025 во 08:23

„Под влијание на поладен воздух од север и од североисток, од овој викенд влегуваме во поладен период со потпросечни температури на воздухот за месец мај. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално, особено во попладневните часови, ќе има локален развој на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

И во делови од Скопскиот регион викендов ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.

Температурите наутро на повеќе места ќе се спуштаат под 10 степени, понекаде, особено на повисоките места и на планините и под 5 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени,соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.