Поповски: Во јули голема суша во Европа, временски непогоди во Македонија и во Италија!

Објавено на 14 јуни, 2025 во 08:17

Метео прогнозерот Славчо Поповски во месечната прогноза за наредниот, месец јули, годинава соопшти дека во Македонија ќе има поумерени температури на воздухот.

„Тоа значи дека екстремно топли долготрајни бранови нема да има во Македонија. Сепак, нормално е да очекуваме продори на Африканска топлина, што е и вообичаено за месец јули.

На метеоролошката карта може да се види дека кај нас нема некоја голема температура аномалија, иако за 0.5 степен, до 1 степен можно е позитивно отстапување на температурите, што не е ништо сериозно. Поголемо позитивно отстапување на температурите би требало да има во централните и во северните предели на Балканот, како и во централна  и западна Европа.

Што се однесува до врнежите, најголем дел од Европа во јули 2025 ќе доживаа голема суша. Исклучок ќе бидат Италија и Македонија, каде врнежите би требало да бидат натпросечно високи, односно, да се почести и проследени со временски непогоди.

Да напоменам дека поради долгорочноста на метео анализата, овие информации ми служат само како резерва, а големи се можностите да има промени. Затоа, ги советувам граѓаните внимателно да ја следат секоја моја најнова метео објава, особено да ги следат и да им веруваат на моите краткорочни метео анализи, кои се со над 90% можност за остварување, односно, се многу попрецизни за разлика од ваквите подолгорочни анализи,“ додаде Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.