Поповски: Во Македонија, денеска и утре, поројни врнежи и невреме!

Според прогнозата на Славчо Поповски, под влијание на плиток циклонски систем со центар над североисточна Европа, денес, понеделник, 12 мај, на повеќе места во Македонија од пладневните часови па натаму повторно ќе дојде до дестабилизирање на Атмосферата и развој на грмотевични облаци коишто ќе условат локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
Локално, атмосферските процеси ќе бидат во форма на невреме со побилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град.
И во делови од Скопскиот регион за време на овој период ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурите ќе се движат во интервал од 15 до 23 степени.
Локална појава на грмотевични облаци со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и утре, вторник,13 мај.
Метеопрогнозерот Поповски препорачува линк од алатка за рано предупредување од невреме, со име „НОТАС“, којашто на граѓаните им дава точни и прецизни податоци за состојбата со временските промени, во периоди, во часови од деноноќието и корисна е за планирање на нивните патувања од една и од друга страна значајна за нивната личната безбедност. Кликнете на https://nothas.finki.ukim.mk/
Дума.мк
