Поради еколошката такса нафтата и горивата од 1-ви јули поскапи за 3,5 денари
Објавено на 15 јуни, 2021 во 14:03
Цената на сите нафтените деривати од 1 јули ќе се зголеми за 3,5 денари заради еколошката такса која владата веќе ја пресмета во ребалансот на буџетотот како дополнителен приход, најави денеска премиерот Зоран Заев.
Претходно, министерот за финансии, Фатмир Бесими пред неколку дена кажа дека се уште нема владина одлука и дека воведувањето еколошка такса ќе оди преку консултации со засегнатите страни.