Порака од претседателот Пендаровски по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Објавено на 5 октомври, 2022 во 09:31

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур, упати порака до претседателот на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Пепо Леви и до сите припадници на еврејската заедница во Република Северна Македонија.

-Почитуван г. Пепо Леви,

Јом Кипур е најсветиот еврејски празник. На овој ден верниците чекорат низ патот на внатрешното преиспитување, покајание, простување и помирување со Бога и со луѓето. Вам лично и на сите припадници на еврејската заедница во Република Северна Македонија ви посакувам празникот да го поминете во добро здравје, среќа и љубов. Молитвите кон Бога и постот како столбови на Јом Кипур нека ви донесат духовен мир и нека инспирираат добри дела.

Еврејската заедница, со своите специфики има исклучително важен удел во градењето на македонскиот соживот и негувањето на почитта и разбирањето меѓу различните етнички и религиозни групи. Времето на предизвици во кое живееме не упатува да бидеме уште посплотени. На овој голем празник посакувам и понатаму сплотени да работиме на просперитетот на нашата заедничка татковина и да делуваме за нејзин просперитет и напредок, стои во честитката.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.