Поскапуваат бензините и дизелот

Објавено: 17 ноември, 2025, во 15:12 часот

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). 

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС – 95 е 75,5 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 77,5, а Еуродизел БС (Д-Е V) за 72,5 денари за литар. Малопродажната цена, пак, на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) не се менува и останува 69,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ  за 0,806 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,621 денари.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.