Повеќедневна метео анализа: Стабилно и топло време, потоа врнежи, грмежи и невреме!

„Од тоа што во моментов можам да го изјавам за јавноста, е дека, до 17 јуни, вторник, во Македонија нема да има поголема промена на времето, што значи дека останува претежно стабилното, суво, сончево и попријатно топло време. Сепак, не се исклучува можноста за сосема ретка појава на попладневен краткотраен дожд со ретки грмежи.
За време на овој период, температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33/34 степени во Повардарието.
Во Скопје ќе имаме сосема слично време како и во другите делови од државата со температура што ќе се искачува до околу 32/33 степени.
Веќе од среда, 18 јуни, на повидок е промена на временската состојба и истата ќе услови пониски температури на воздухот со честа појава на врнежи, грмежи, како и локални временски непогоди. Токму ова ќе го предизвика висинскиот циклон кој ќе се распростране над нашиот дел од Европа, и ќе одржува многу нестабилно време.
Со оглед на тоа дека се работи да повеќедневно анализирање на времето, официјална метео анализа околу промената на времето која ни следува следната седмица, следува во следните мои метео објави,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк
