Православен календар: Денес се празнуваат Многубројните маченици во Евгениjа близу Цариград
Објавено на 7 март, 2023 во 09:17
Во времето на царот Аркадиј беа откопани моштите на многумина Христови маченици, а меѓу нив ги пронајдоа и моштите на светиот апостол Андроник и на неговата помошничка Јунија (Рим. 16, 7).
Тие мошти беа пронајдени според откровението од Бога што му се даде на еден клирик, Никола Калиграф.
Нивните имиња ги знае само Господ, Којшто ги запиша во Книгата на Живите на небесата. Над моштите на свети апостол Андроник, во 12 век царот Андроник I изгради прекрасен храм.
Дума.мк