Православен календар: Денеска се празнува Вознесение Господово – Спасовден
Во овој ден, во четвртокот на шестата недела по Пасха, го празнуваме Вознесението на Господ Бог и Спасител наш Исус Христос. Бидејќи кога беше со своите ученици, пред страдањето, им го вети доаѓањето на Сесветиот Дух, велејќи: добро е Јас да одам, ако Јас не одам, Утешителот нема да дојде. И повторно: кога ќе дојде Тој, ќе ве научи на целата вистина.
По воскресението од мртвите, во текот на четириесет дена им се јавуваше на своите ученици, не заедно, туку одделно, јадејќи и пиејќи со нив, појасно претставувајќи го воскресението. Најнакрај, откако им вети многу за Царството Небесно, им заповеда да не се одделуваат од Јерусалим, туку таму да пребиваат и да го чекаат доаѓањето на Пресветиот Дух, и со него да бидат крстени. Им заповеда да прибвиаат во Јерусалим за да таму најпрвин биде проповедано Евангелието и за да потоа кога ќе одат на туѓи места, да бидат добро опремени, како некои воини, подготвени со оружјето на Духот, и така да одат против непријателите Христови. Кога настана времето на вознесението, Христос ги одведе учениците свои на Елеонската (Маслиновата) гора, која така се нарекува затоа што беше засадена со многу маслинки.
И им говореше за Своето Царство, и дури говореше дојдоа ангели и го покажаа вознесувањето на небесата. И дури тие гледаа, тој беше земен од нивната средина, носен на еден облак и така од ангелите. И седна оддесно на Отца, обожувајќи ја плотта, и би се дрзнал да речам, ја створи и неа божествена, преку која ние се помиривме, а древното непријателство беше разрушено. Пред апостолите застанаа ангели во вид на мажи и говореа: мажи, галилејци, што стоите и гледате кон небото? Тој Когошто во видовте, воплорениот Бог Иисус, Тој пак ќе дојде на јаве во плот, но не како првиот пат, понизно и молчаливо, туку со слава голема, како што и сега гледате од ангелите.
Тогаш апостолите се вратија од Елеонската гора, бидејќи таа беше близу до Јерусалим: две илјади и четириесет стапалки, тоа е еден саботен ден од. И бидејќи така е пропишано до Мојсеја, толку стапки во сабота да можат да се одат, затоа што и скинијата на заветот беше толку оддалечена од јудејскиот полк. Возможно беше да се оди во сабота да се поклонат таму, не правејќи поголем пат, затоа и се нарекува саботен ден од. Некои сметаат, заради тоа, дека Христовото Вознесение било во сабота, но тоа е погрешно.
Откако се вратија апостолите, влегоа во горната соба, во која беше, заедно со жените мироносици, и Мајката на Словото, која со пост и молитви и молби го чекаше доаѓањето на Сесветиот Дух, како што беше ветено. Христе Боже, кој се вознесе во слава, помилуј нè, амин.
Дума.мк