Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд
Објавено на 29 август, 2022 во 09:13

Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме. УВ индексот ќе изнесува 6.
Под влијание на нестабилна воздушна маса, денес и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
