Претседателот Пендаровски ја посети „Костал Македонија“ во Охрид

Објавено на 23 септември, 2022 во 14:46

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид ја посети фабриката „Костал Македонија“, дел од германската групација „КОСТАЛ“ за производство на делови и компoненти за автомобилската индустрија.

За време на посетата претседателот Пендаровски беше запознаен со производствените капацитети, со актуелните проекти, идните бизнис насоки и инвестициски проекции на компанијата.

Во разговорот со генералниот директор на „Костал Македонија“, Виктор Мизо, претседателот беше информиран дека низ технолошки развиен, напреден и високо софистициран процес фабриката произведува и делови коишто се вградуваат во најмодерните електрични и хибридни возила.

Претседателот Пендаровски беше запознаен дека компанијата придонесува и на домашен план, поттикнувајќи личен развој и задржување на младите и стручни кадри во земјата. Претседателот Пендаровски разговараше и со млади инженери кои посетуваат тренинг во „Костал Македонија“. 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.