Продолжен рокот за аплицирање на Годишните конкурси од култура за 2024 година

Објавено на 6 ноември, 2023 во 13:19

Поради техничките проблеми кои настанаа поради преоптоварување на системот, Министерството за култура информира дека рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности во културата за 2024 година се продолжува до 8 ноември (среда), до 23:59 часот.

Во последните 24 часа пристигнаа над 800 пријави и апелираме да не се чека последниот момент за да избегнеме попречување во аплицирањето од технички аспект, нагласуваат од Министерството.

Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги https://uslugi.gov.mk.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.